Горска вода доби Меѓународна круна за квалитет

20

Горска вода ја доби најпрестижната награда, Меѓународна круна за квалитет (International Quality Crown) доделена од БИД (BID, Business Initiative Directions) глобална организација за регистрирање на квалитет.

Наградата беше доделена за лидерство, задоволство на клиентите, врвна технологија, најдобра пракса, општествено одговорни активности, одлични бизнис резултати, поседување на сертификати за квалитет.

“Оваа награда за нас е потврда дека довербата што ни ја дале потрошувачите е сосема оправдана. Лидерската позиција на пазарот нè обврзува да поставуваме стандарди што значат квалитет во секој поглед. Постојано вложуваме во софистицирана опрема, врвни технолози, тим на посветени луѓе за работа, а квалитетот на водата е единствен бидејќи сме едни од ретките кои имаат вода од извор”, изјави генералниот менаџер на компанијата Димитар Костадинов.

Според Костадинов Златната круна за квалитет е само мотивација плус секоја година да се оди чекор понапред со очекувањата.

“Се разликуваме од останаите како компанија што квалитетно менаџира и ги координира внатрешните процеси, успешно комуницира со добавувачите, ги задоволува потребите на потрошувачите и ја заштитува животната средина. По многу нешта сме уникатни, а потрошувачот знае што значи вистински квалитет”, додаде Костадинов.

Процедурата за избор на Меѓународна круна се одвива 10 месеци, каде за време на средбите на Business Initiative Directions што се одржуваат во Париз, Лондон, Женева, Франкфурт, Мадрид и Њујорк се одвива гласање. Се оценуваат критериумите за квалитет на производот, лидерство на компанијата, задоволство на клиентите, степенот на имплементација на софицистицирана технологија, бизнис резултати и поседување на сертификати.

При оценката се зема предвид целокупната слика на компанијата што ја има во земјата преку собирање на дополнителни информации од медиумите, консалтинг компании, маркетинг агенции, трговски саеми и изложби, стопанските комори, амбасади, анкети извршени за квалитетот на производите на компанијата.