Готова е нацрт-документацијата за двете мини хидроелектрани во Крива Паланка

32

По принципот на јавно-приватно партнерство, општина Крива Паланка ќе добие две мини хидроцентрали на Станечка река. За нив веќе нацрт-планската документација е готова. Локалната самоуправа планира мини хидро централите да ги гради со јавно-приватно партнерство помеѓу ЈП Комуналец и Хидро-Осогово ДО.
“Малите хидро централи Станечка Река 1 и Станечка Река 2 ќе зафаќаат вкупна површина од 1.111 квадратни метри, а разликата меѓу двете хидроцентрали е во техничките карактеристики. МХЕЦ Станечка Река 1 ќе биде проточна, што подразбира водата по производоството ќе се филтрира и низ пречистителна станица ќе се влева во водоводниот систем. Додека пак, МХЕЦ Станечка Река 2 ќе работи само кога во системот ќе се појави вишок на вода”, објасни Жарко Теофиловски од Хидро-Осогово ДО.
Нацрт документацијата ја изработи проектантската куќа Билд ДООЕЛ, а основниот проект ќе го изработи Аквават ДОО Скопје.