Градењето е дејност која не трпи импровизации

279
rv1
Васе Миланов, управител на Ројал Васе (десно)

“Ние им пристапуваме на објектите со внимателност како кога градиш за себе, а ја користиме стручноста и знаењето кое го имаме”, вели Васе Миланов, управител на Ројал Васе, фирма која работи на изградба, инвестирање и продажба на станбени објекти. За него, најголемо одобрување за квалитетот на работење е повторното работење кај ист инвеститор.

БИ: Ројал Васе е фамилијарна фирма, која главно работи на изградба, инвестирање и продажба на станбени објекти. Колку време функционира Вашата фирма и какви други услуги нуди?

Работиме од 1995 година. Тоа значи дека минатата година наполнивме полнолетство. Сите тие години на работење носат искуство и знаење. Покрај продажбата на квалитетни и енергетски ефикасни станови кои ние ги инвестираме и градиме, работиме и за други инвеститори. Проектираме и градиме станбени и деловни објекти, вршиме реконструкција на постојни објекти, како и дизајн на ентериер на станови.

rv3БИ: Кои проекти се завршени досега? Имате ли повратни информации колку се задоволни Вашите купувачи?

Имаме работено низ целата територија на Република Македонија. Буквално кажано, нема град каде што не сме работеле. Посебна чест ни претставувало кога работиме по два или повеќе пати за еден ист инвеститор. Најголемо одобрување за квалитетот на работење е повторното работење кај ист инвеститор. До сега имаме изведено градежни работи на преку 160 објекти.

БИ: Вашето мото е: Градиме како за своја душа. Која е пораката што сакате да им ја пренесете на Вашите клиенти?

Во градежниот сектор има голем број фирми кои работат и егзистираат. Има и поголеми од нас, има и далеку помали. Меѓутоа, професионалноста не доаѓа со големината. Најчесто луѓето велат дека “најдобро е сам да си градиш, на тој начин знаеш дека е квалитетно”. Ние се согласуваме со ова, но не во целост. Точно е дека кога градиш сам внимаваш, се распрашуваш, бараш искуства од пријатели, препораки, мислења. Но, секој човек не може да биде стручен за сé и да постигне квалитет со секое свое делување. Затоа ние им пристапуваме на објектите со внимателност како кога градиш за себе, а ја користиме стручноста и знаењето кое го имаме.

Да напоменам дека Ројал Васе го има имплементирано и успешно го применува системот за квалитет ИСО9001, сертифицирани од ТУВ Австрија. Во моментов го имплементитаме системот за управување со енергија ИСО50001. Сите наши станови се енергетски ефикасни објекти, а со овој сертификат тоа го докажуваме на ниво на меѓународни стандарди.

Желбата да се постигне нешто и знаењето како тоа да се направи е најдобрата комбинација на фактори за постигнување успех и квалитет.

rv2БИ: Кои материјали ги употребувате во изградбата на становите? Што сакате да им порачате на луѓето кои во иднина сакаат да инвестираат во сопствен дом?

Кога клиентите купуваат стан можат да го видат само распоредот на собите и доколку станот е во завршна фаза, да се види санитаријата, плочките и слично. Значи го гледаат само “накитот”, односно со што станот е “накитен”. Тоа е сосема во ред да се бара и да се вградуваат квалитетни материјали во внатрешноста. Такви и ние вградуваме. Меѓутоа, “накитот” е само 10% од севкупниот стан. Кога ќе се наместат вратите не може да се види структурата и начинот на градење. Клиентите најчесто со одлуката да купат стан во некоја зграда значи дека му веруваат на инвеститорот дека останатите 90% што не се гледаат ги сработил исто толку квалитетно како и последните 10%.

Дебелината на надворешните ѕидови на нашите згради е 35 см. Сите преградни ѕидови во становите кои ние ги градиме се ѕидани. Знаеме дека со тоа се губи од внатрешниот простор, градбата е поскапа, меѓутоа изолацијата на еден објект е многу важен елемент. Друг пример ќе наведам дека употребуваме бетон единствено од Цементара Скопје или од базата на Гранит. Тоа се едни од најквалитетните бетонски бази во државата. Секако и најскапи. При градба потребно е да се вгради марка бетон МБ30. Испитувањата покажуваат дека немаме послаба марка од МБ36, па сé до марка МБ42. На секој станбен објект што го градиме се вршат геомеханички испитувања. На тој начин статиката се прилагодува на земјиштето и се гради асеизмички стабилен објект.

Градењето е дејност која не трпи импровизации. Доколку се испушти некоја фаза или не се изработи како треба, веднаш ќе се покаже. Затоа нашите градби траат долго без проблеми.

rv6

БИ: Каде градите во моментов?

Во моментов градиме на ул. Мишко Михајловски 57 во н. Кисела Вода до УО Партенија Зографски. Тоа е мала зграда со 12 станбени единици. Тоа е прекрасно место во чија близина има три градинки, две основни училишта, едно средно училиште, три маркети и сето тоа во далечина од 3-4 минути. Зградата не е на главна улица, но е близу главна со што и сообраќајно е добро поставена. До Плоштадот Македонија има 15-тина минути пешки.

Нашите станови не се купуваат само од лица кои имаат потреба од сопствен дом, туку и како добро вложена инвестиција која ќе остане за следните генерации.