Градежништвото најпесимистичен сектор во Хрватска

16

Повеќето претприемачи во Хрватска сметаат дека нивната деловна ситуација е лоша (46,1%), со ситуацијата се задоволни 35,9%, а на оние на кои добро им одела работата во ноември се 18%, покажува Хендал – Лидеровиот индекс на деловен оптимизам (HLIPO).

Благиот раст на деловниот оптимизам ги поттикна стопанствениците и од следниот период да очекуваат малку подобар развој на ситуацијата. Така, поволни деловни можности во следните шест месеци предвидуваат 20,9%, непроменети 43,4%, а оние што очекуваат неповолна ситуација се 35,7%, пишува Лидер.

Најпесимистичен сектор е градежништвото со 52,6 % поени, додека превозот и услугите се најоптимистичен сектор, а слично се очекува и од следните шест месеци. Производството е нешто пооптимистично од месецот претходно, а во овој сектор се очекува многу во следните шест месеци.