Градежните работи зафаќаат 62,4% од инвестициите во основни средства во 2013

15

Вредноста на инвестициите во основни средства во Македонија во текот на минатата година е 117.382.000.000 денари, покажуваат продатоците на Државниот завод за статистика.

Номиналниот пораст на вредноста на инвестициите во основни средства во 2013, во однос на 2012година, изнесува 7,6%. Во техничката структурата на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 62,4%, машините и опремата со 31,5%, а останатите инвестиции со 6,1%.

Најголема вредност на инвестициите во основни средства e реализиранa во следните сектори: Градежништво со 32,4%, Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината со 25,8% и секторите Трговија на големо и трговија на мало, Поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна со 13,9%.