Градскиот превоз со над 45% помалку патници во третото тримесечје

30

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз во третото тримесечје од 2020 година изнесува 9.824.000 и во однос на истиот период од претходната година е намален за 44,1%. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 45,2%, во приградскиот превоз за 38,5%, во меѓуградскиот превоз за 56,4%, а во меѓународниот превоз за 88,6%.

Во третото тримесечје од 2020 година, во однос на истиот период од 2019 година, вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 78,6%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 84,5%, во приградскиот превоз за 78,3%, во меѓуградскиот превоз за 65,3%, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 86,1%.

Фото: Facebook