Грчкиот туризам се очекува да закрепне следното лето

51

Грчкиот туризам би требало да закрепне следното лето по силниот пад оваа година поради пандемијата.

Туризмот е главен двигател на грчката економија, а уделот му е една петтина во вредноста на бруто домашниот производ и вработува една петтина од вработените во земјата.

Приходите од туризмот оваа година се намалија на четири од 18 милијарди евра, колку што имаа вредност во 2019 година, поради ограничување на патувањата како мерка за заштита од ширење на коронавирусот.

Грчката економија оваа година, според официјалните проценки, ќе се намали за околу 10%, а активностите би требало да се вратат на предкризното време во втората половина од 2021 година.

Според податоците, бројот на странски туристи во период од јануари до октомври оваа година е за 76% понизок во однос на истиот период лани.

Фото: Freepik