Грчките банки ќе загубат од 300 милиони до една милијарда евра

24

Грчките банки во третиот квартал од оваа година ќе покажат загуба од 300 милиони до преку една милијарда евра, оценуваат аналитичарите.

На резултатите на работењето на грчките банки влијаеше влошувањето на финансиските услови во земјата, што доведе до раст на бројот на неподмирени одбрски и пад на интересот за банкарските услуги.

Банките веќе покажаа загуба од 26 милијарди евра како резултат на реструктуирање на грчкиот долг, пишува Катимерини.

Грчката Евробанка покажа загуба од 1,09 милијарди евра за периодот јануари – септември, што е двојно повеќе од истиот период минатата година. Банката од ЕУ очекува 5,8 милијарди евра на име докапитализација.