Грција е подготвена за почеток на туристичката сезона

29

Потпретседателот на грчката влада, Акис Скерцос рекол дека неговата земја е подготвена за почеток на туристичката сезона.

Тој за ВВС рекол дека успешно се управувале туристичките текови во 2020 година, што помогнало случаите на заразени во текот на летото да се сведат на минимум и нагласил дека овој систем сега дополнително ќе биде зајакнат со програмата за вакцинација што брзо напредува.

“Веруваме дека до крајот на јуни ќе бидат вакцинирани скоро 50% од повозрасното население во земјата и во тој случај ќе изградиме значаен имунитет и ќе може да примиме туристи од Велика Британија и остатокот од Европа“, рекол тој.

Потсетил дека постои договор во Европската унија преку систем за “зелен сертификат за вакцинација“, којшто е потврда за имунизација, а во случај да го нема, посетителите мора да имаат негативен ПЦР тест приложен со PLF образец што мора да се пополни пред посета во Грција.

Фото: Pexels