Грција ги преполови даноците за дигиталните номади

81

Минатата недела грчкиот парламент донесе закон со којшто ќе се преполови данокот на доход што го плаќаат дигиталните номади во оваа земја. Грција се приклучи на растечкиот број на земји кои се обидуваат да привлечат таленти ангажирани преку Интернет, што им овозможува да работат од која било земја во светот.

“Ако можете да работите од каде сакате, тогаш зошто да не го сторите тоа од Грција“, е промотивната порака што ја испраќа Грција.

Даночното олеснување ќе важи за дигиталните номади во следните седум години.

За време на последната економска криза, Грција изгуби 800.000 жители кои се преселија во поразвиените земји. Затоа овој потфат може барем до одреден степен да ја подобри нејзината демографска слика.

Фото: Pixabay