Грција ја тужи Данска заради фета сирење

Грција официјално побара од Европската унија да започне правна постапка против Данска поради тоа што наводно го присвојува фета сирењето.

“Министерот за земјоделие одобри активирање на правна постапка од Европската комисија против Данска поради кршење на правата од ознака за заштитено географско потекло“, стои во соопштението од грчкото министерство за земјоделие, пренесува Greek reporter.

Фета сирењето има ознака за заштитено географско потекло во ЕУ од 2002 година и како такво може да се произведува само во Грција според точно утврдена технолошка постапка за производство.

Комисијата и пред две години и лани покрена прекршочна постапка против Данска, заради ставање на ознаката фета на нејзините сирења.

Фото: Freepik