Грција ќе одвои дел од првата пратка на Ковид вакцини за Македонија

100

Министерството за здравство преговара по три механзими за да набави по 800.000 вакцини против ковид 19, а веќе во петокот Грција потврдила дека дел од првата пратка на вакцини што ќе стигнат во Атина ќе и даде на нашата земја, рече министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во дневникот на телевизија Сител.

“Во петокот добивме потврда од Грција, имав разговор со грчкиот министер за здравство, којшто после разговорот со премиерот Мицотакис потврди дека од нивната прва количина, којашто ќе стигне во Атина за нивното население, една количина ќе одвојат и за нас. Практично ги користиме сите инструменти вклучувајќи го и Ковакс механизмот којшто ни беше прв на располагање и секако преку овие директни договори на останатите земји членки на ЕУ да обезбедиме одредена количина вакцини и за нас“, рече Филипче.

Минатата недела е платен авансот за вакцината против Ковид-19, со што е обезбедена банкарска гаранција дека ќе се исплати целата сума за набавка на 833.000 вакцини, за околу 400.000 граѓани. Освен оваа набавка преку Ковакс механизмот, остварен е и директоен контакт со Pfizer и Астра ЗенекAstra Zeneca. Третиот механизам е преку Европската Унија. Таа нарача 200 милиони вакцини за земјите членки и уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од унијата.

“Ние аплицираме за 800.000 дози и од овие 100 милиони дози. Вакцината ќе биде бесплатна за сите граѓани“, истакна министерот.

Фото:Freepik