Грција, во очекување на туристи, внимателно ги ублажува рестриктивните мерки

33

Грчката влада го претстави нацрт планот за ублажување на рестриктивните мерки што беа воведени поради пандемијата, очекувајќи ги туристите на средината на мај.

Кафулињата на плажите би можеле да бидат отворени во сабота. Училиштата ќе бидат отворени од понеделник, музеите од 14-ти, кината на отворено на 21-ви, а отворените театри на 28-ми овој месец.

Отворените делови од рестораните во Грција се отворени минатиот понеделник, по шест месеци.

Фото: Pexels