Грција за годинава очекува бројот на туристи да биде половина од рекордната 2019 година, откако пандемијата ѝ зададе тежок удар на клучната летна сезона минатата година.
Грција со една петтина од својата економија се потпира на туризмот, а во 2020 година забележа само седум милиони туристи и четири милијарди евра приходи, во однос на рекордните 33 милиони гости и 18 милијарди евра приходи во 2019 година.
Властите на 14-ти мај го укинаа карантинот за посетители надвор од ЕУ кои се вакцинирани или имаат негативен тест на коронавирус. Тие очекуваат 50% од прометот во 2019 година да го остварат оваа сезона.
Фото: Pexels











