Green Charcoal – био тули од луфа и јаглен

38

Тим научници од Универзитетот за дизајн и иновации од Мумбаи, Индија, создадоа био тули од луфа и јаглен, пишува Dezeen.

Во составот на Green Charcoal има и земја и цемент, а органската луфа е сунѓересто растение од коешто се изработуваат сунѓерите што се користат во бањата.

Еколошките тули содржат повеќе воздух од стандардните и се 20 пати попорозни од нив. Тие ја намалуваат температурата со што се лади и внатрешноста на градбата.

Според тимот, овој тип на тули придонесува за поздрава урбана средина за луѓето и поголем биодиверзитет.

Јагленот го има малку само на површината на тулите коишто се многу лесни и биоразградливи, а иако се користи цемент, тоа е во помала количина.

Нема потреба од метални зацврстувачи од причина што влакната од луфата обезбедуваат доволно цврстина и флексибилност.

Фото: Pixabay