Започнува зелениот натпревар за сите деца во организација на Пакомак

19

d8b27220-0759-4546-8a5d-e51d957b01a5Компанијата Пакомак организира Зелен награден натпревар Green Team, во кој ќе се доделуваат вредни награди. Натпреварот ќе се одржи од 22 ноември до 12 декември во Рамстор Мол во Скопје.

Секој ден од 17-20 часот во Рамстор Мол, дечињата ќе можат да ја играат видео-играта Green Team, да се дружат, натпреваруваат и забавуваат, а најдобрите ќе освојат лап-топ, таблет, велосипед, ролерки, како и ваучери од Рамстор.

Сите дечиња кои сакаат да учествуваат, ќе треба да се пријават на инфо-пултот на Рамстор Мол.

Натпреварувањето ќе се одвива во две групи, од кои едната е за деца од 5-9 години, а другата за деца од 10-14 години. Најдобрите 30 деца (по 15 од секоја група) влегуваат во финалето, кое ќе се одржи на 13 декември од 17 часот и ќе се натпреваруваат во три круга се додека не се одлучат победниците.

За победниците од секоја група Пакомак обезбеди интересни вредни награди. Играта Green Team дечињата можат да ја најдат на Фејсбук страниците на Пакомак и Рамстор и таму да вежбаат за уште подобри резултати и пласман во финалето.

„Овој натпревар е продолжување на нашата практика на поддржување на еколошки настани и акции кои вклучуваат деца и нивна едукација. Преку јунаците од Green Team играта, децата ќе се учат правилно да го селектираат и рециклираат отпадот, а за најеколошките млади натпреварувачи обезбедивме супер награди, прилагодени за нивната возраст. Им благодариме и на нашите партнери – Рамстор Мол и Техномаркет за поддршката на овој проект и се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму. Обично родителите влијаат и ги образуваат децата, но ние очекуваме и веруваме дека овој пат дечињата ќе бидат оние што ќе влијаат врз еколошката свест на своите родители,” изјавија од Пакомак.