Greyp Bikes на Римац преку дигитални токени собра 1,44 милиони евра

56

Компанијата Greyp Bikes, чиј основач е Хрватот Мате Римац, преку германската платформа Neufund успеа да собере 1,44 милиони евра капитал или 79% повеќе од зацртаната цел, пишува Пословни дневник.

Со ова, како што се наведува, успешно е завршена првата регулирана кампања за групно инвестирање со помош на blockchain и крипто валути. Оваа кампања е прва од таков вид во Европа, додека во САД вакви инвестициони кампањи се спроведуваат од 2016 година.

“Вложивме големи напори да докажеме дека се работи за сериозен, транспарентен, јасен и правно чист процес и сметаме дека нашиот процес е целосно регуларен“, вели Марио Војвода, проектен менаџер на Equity token offering (ЕТО) на Greyp Bikes.

Целиот процес го следело регуларното тело од Лихтенштајн – Financial Market Authority. Но, потенцијално најголемиот проблем го создаде германскиот регулатор BaFin, од каде што објавија соопштение во коешто ја обвинуваат хрватската компанија дека преку германска платформа потенцијал издала јавна понуда без проспект.

Преку овој начин на финансирање, пазарната вредност на Greyp Bikes е 45 милиони евра.

Фото: Facebook