ГТЦ ќе им исплаќа дивиденда на своите акционери

36

gtc

Акционерското друштво за издавање на деловен простор под закуп Градски трговски центар (ГТЦ) донесе одлука за распоредување на добивката остварена во текот на 2016 година.

За законски резерви, како што се наведува, се одвојуваат 59.334. денари, а како нераспределена добивка остануваат 1.127.346 денари. Од нераспределената добивка ќе се исплаќа дивиденда.

Собранието на акционери на ГТЦ донесе и одлука за распределба на дивиденда и утврдување на датуми за исплата на дивиденда за 2016 година (дивиденден календар).

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2016 година е 11.07.2017 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 12-ти јули. Датум на стекнување на право на дивиденда е 14-ти јули оваа година.

Дивидендата, како што стои во одлуката, ќе се исплати во законски предвидениот рок, најдоцна до 30.09.2017 година.