ГТЦ оствари нето добивка од 32,5 милиони денари за девет месеци

23

gtc

Акционерското друштво за издавање деловен простор под закуп Градски трговски центар (ГТЦ), оствари нето добивка од 32.572.000 денари, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, покажува финансискиот извештај објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата оствари нето добивка во висина од 29.253.000 денари, што претставува зголемување од 3,3 милиони денари.

Податоците покажуваат дека ГТЦ во периодот од девет месеци оствари приходи од продажба во висина 160.684.000 денари, додека во истиот период лани тие биле на ниво од 165.959.000 денари.