ГТЦ со добивка од 19,8 милиони денари за девет месеци

56

Градски трговски центар (ГТЦ), од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 19.824.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 16.711.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со крајот на септември, достигнаа 149.682.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 146.963.000 денари.