Хакерите што го нападнаа Colonial Pipeline добиле 90 милиони долари во биткоини

52

DarkSide, хакерска група што го нападна Colonial Pipeline прими вкупно 90 милиони долари во биткоини, пред и официјално да се распадне минатата недела.

DarkSide управува со она што е познат како бизнис модел – ransomware како услуга, што значи дека хакерите развиваат и пласираат ransomware алатки и ги продаваат на други криминалци коишто потоа ги извршуваат нападите, пренесува SeeBiz.

Хакерите вообичаено бараат откуп во форма на криптовалути како надомест за враќање на пристапот.

Лондонската компанија за аналитика на блокчеин Elliptic открила дека идентификувала биткоин парични којшто DarkSide го користи за собирање откуп од своите жртви. Истиот ден аналитичари за безбеднос рекле дека DarkSide е затворен откако го загуби пристапот до своите корисници и биле испразнети паричниците со криптовалути.

DarkSide и неговите подружници во изминатите девет месеци од 47 жртви уплатиле најмалку 90 милиони долари на име откуп со биткоини. Просечната уплата на организацијата била околу 1,9 милијарди долари.

Colonial Pipeline, најголемиот нафтовод во САД, платил скоро пет милиони долари по тешкиот напад што ја исклучил целата негова мрежа во земјата. Компанијата платила голем откуп со криптовалути во којшто не може да му се влезе во трага неколку часа по нападот, наведува Bloomberg.

Фото: Pexels