Heаthrow не е веќе најфреквентниот аеродром во Европа

39

Британскиот аеродром Heathrow соопшти дека не е повеќе најфреквентниот аеродром во Европа и титулата му ја презеде парискиот Charles de Gaulle.

Лондонскиот аеродром, исто така, наведува дека ги намалил плановите за сообраќај на патници следната година затоа што пандемијата на коронавирус го продолжи трендот на намалување на побарувачката за летање.

Heathrow очекува дека во 2021 година преку аеродромот ќе поминат 37 милиони луѓе, што е за 41% помалку од предвидувањата од јуни кога се очекуваше сообраќај на 63 милиони патници.

За време на пандемијата, аеродромот во Париз, Charles de Gaulle, имаше најголем сообраќај во Европа, а Heathrow за тоа ја обвинува британската влада, којашто не воведе режим на брзо тестирање на патниците, пренесува Reuters.

Фото: Pixabay