Helpy hour – плати две, земи едно

375
People at the coffee shop

Во кафулињата во Белгија се спроведува нова акција којашто го заменува happy hour со helpy hour. Целта на акцијата, како што пишува Euronews, е да им се даде поддршка на кафулињата коишто се борат со последиците предизвикани од пандемијата на коронавирусот, опфаќа двојно зголемување на цените.

Па така, ако со happy hour се добива одреден попуст, helpy hour подразбира купување еден, а плаќање два пијалака.

Според официјалните податоци, половина од 12.000 кафулиња во Белгија би можеле да стават клуч на врата, бидејќи не можат финансиски да ја издржат ситуацијата.

“Не верувам дека жителите на Белгија ќе бидат среќни кога ќе видат дека полека исчезнуваат нивните омилени кафулиња“, вели Дајен Делен, претседателка на сојузната федерација на кафулиња на Белгија.

Фото: Freepik