Холандија: Вештачки листови произведоа лекови со помош на сончева светлина

131

Научници од технолошкиот Универзитет во Ајндховен, Холандија, создадоа сончеви реактори коишто изгледаат и се “однесуваат“ како листови. Со додавање на одредени хемикалии во микроканалите на листот и нивно изложување на светлина, тимот успешно креираше два лека.

Научниците во обид да ја имитираат природата создадоа ултра тенки канали на вештачките листови, коишто се изработени од плексиглас. Според нив, за разлика од првиот прототип во 2016 година, сега е овозможено да се додадат повеќе видови на молекули осетливи на светлина.

Како резултат на тоа сите хемиски реакции се сега возможни во овој реактор, низ целиот видлив спектар на светлина. На овој начин успешно беа создадени два лека во внатрешноста на вештачките листови: артимензин против маларија и аскаридол, којшто уништува паразитски црви.

“Евтиниот материјал од којшто се изработени листовите и природниот елемент ги прават идеални за економично производство на хемикалии со помош на сончева светлина“, потенцираат од Универзитетот.

Фото: University Eindhoven  of Technology