Хотел во Љубљана “претворен“ во студентски дом и канцеларии

134

Хотелската групација Union Hotels Collection, во чија сопственост има пет хотели во центарот на Љубљана, осмисли алтернативен начин за да ги пополни капацитетите за време на пандемија.

Како што пренесуваат словенечките медиуми, оваа хотелска групација во одредени хотели издала соби на студенти под долгорочен наем, додека некои делови им ги изнајмува на фирми како деловен простор.

Настојувајќи да се избори со тешките услови на работа, предизвикани од пандемијата, менаџментот одлучи да издава хотелски соби на студенти во реновираниот хотел Central и во новиот младински хотел Fuzzy Log, а во исто време се издаваат и објекти како деловен простор.

“Поголемиот дел од новововедените деловни решенија се покажаа како успешни, бидејќи собите што се издаваат на студентите се скоро комплетно пополнети“, се наведува во соопштението на хотелската групација.

Според проценките на словенечката туристичка заедница, гостите од странство оваа година ќе бидат за 70% пониски од лани.

Фото: Pexels