Хотел во Лондон нуди “вегански“ апартман

58

Фото: Facebook

Дизајнерското студио Bompas & Parr го креираше првиот вегански апартман, наменет за хотелот со пет ѕвезди во Лондон, Hilton Bankside.

Во него нема ниеден елемент што вклучува кожа, волна или пердуви, пишува Evening Standard.

Апартманот има голема спална соба, дневна и бања, а материјалот којшто е вклучен во ентериерот е Pinatex, изработен од целулоза од ананас.

Почнувајќи од килимите и перничињата, па сè до облогите на столчињата и картичката за влез во него е изработено од овој вегански материјал. Сите јадења и пијалаци што се служат се исклучиво вегански и не содржат никакви животински елементи.