Поради намалување на работата и неизвесноста, многу хотели во Босна и Херцеговина се затворени, а некои сопственици ја менуваат нивната намена, претворајќи ги во станбени и деловни единици или домови за стари лица, наведуваат од здружението HoReCa.
Намалување на работата во областа на туризмот, хотелиерството и угостителството е забележан во текот на целата година и овие индустрии претрпеа најголема штета предизвикана од пандемијата на коронавирус. Илјадници работници останаа без работа, а бројот може да се зголеми тројно доколку надлежните институции не обезбедат финансиска поддршка, велат од здружението, пренесува Индикатор.
“Голем број градски хотели се целосно затворени, има одреден број хотели кои целосно го затвораат својот бизнис, со што се менува нивната намена. Хотелите ќе бидат претворени во станбени или деловни единици или домови за стари лица“, вели Аида Терзиќ, претставник на хотелиери во Сараевскиот кантон.
Исполнетоста на градските хотели е од седум до 12%, додека за нивно функционирање е потребна исполнетост од 40 до 50%.
Фото: Pixabay











