Хотели Метропол од Охрид во билансот на успех прикажа добивка од 31.907.000 денари за период од 01.01 до 31.12 2014 година.
Во текот на 2013 година, компанијата евидентираше добивка во висина од 32.440.000 денари.
Вкупните приходи од продажба на компанијата се во висина од 154.336.000 денари, додека една година претходно тие беа на ниво од 149.977.000 денари.
“Приходите од работењето изнесуваат 159.686.000 денари и покажуваат пораст од 6% во однос на приходите во 2013 година. Расходите од работењето во износ од 124.696.000 денари бележат раст од 5% во однос на расходите во 2013 година. Најголемо учество во вкупните расходи со 39% имаат трошоците за суровини и материјали во износ од 48.716.000 денари, кои бележат пораст од 3%“, стои во Образложението на финансиските резултати објавено на Македонска берза.