Хотели од регионот воведуваат “тренди“ понуда за да го вратат профитот

215

Работата од дома полека излегува од мода, а на ред е Work from Hotel (Работа од хотел). Оваа опција ќе им се допадне на сите што можат да работат од далечина, а имаат пари и сакаат промени.

Работата од хотели доживеа бум во светот, а Хрватска се прилагодува на новиот тренд, бидејќи хотелиерите не пројдоа најдобро оваа сезона. Еден хотел во Пореч ја воведе опцијата Работа од хотел, којашто важи од први ноември до 20 март 2021 година и вклучува попуст од 15% за минимум три ноќевања.

Како што пишува Пословни дневник, пријатната и мирна околина на хотелот со четири ѕвезди идеално е за гости кои својата канцеларија сакаат да ја сместат покрај брег.

Предностите на работата во хотелот се исто така брз интернет, пространа дневна соба, кафемат, послужување во соба. Гостите можат да резервираат сала за состаноци опремена со проектори, простории за конференциски повици и печатач.

Иста понуда даде и хотел од Риека, а ја нарекоа home office in a hotel (домашна канцеларија во хотел). На корисниците на услуги им се нудат пакети за употреба на хотелски соби за канцелариски цели, во текот на работниот ден. Пакетот вклучува добра Wi-Fi конекција, достапна конференциска сала два часа, појадок во собата и користење на теретана.

Фото: Pixabay