Хотелиери најавуваат масовни откази во јануари

38
luxury bedroom in hotel

Хотелиерите во Србија велат дека едвај чекаат да помине декември и од четврти јануари да почнат да ги намалуваат трошоците така што ќе отпуштат дел од вработените, бидејќи нема изгледи дека состојбата ќе се нормализира, а истекува и застојот во отплата на кредитите, пренесува Бета.

“Доспеаните кредити се само дел од проблемите, основно е тоа што работата наскоро нема да се нормализира, па од јануари 2021 година, кога ќе престане забраната за отпуштање на повеќе од 10% од вработените, ќе почне масовно отпуштање и затворање на хотелите“, вели Владимир Тодоровиќ, директор и основач на компанијата Todor Hotels Beograd.

Народната банка на Србија минатата недела, по одобрените два пакети државна помош, ги упати хотелиерите за нов мораториум на кредитите да се обратат до комерцијалните банки.

“Одлагањето на кредити не е помош, освен ако тоа не овозможи маневарски простор да се најде некое решение, бидејќи ако нема гости, тогаш мораториумот е само одлагање на ‘смртта’“, вели Тодоровиќ.

Помошта што ја добиваат за минимална заработка, според него е помош за вработените, но не и на фирмите.

Фото: Freepik