Храна со поминат рок ја претвораат во енергија

27

unilever & genesis

Британско – холандскиот гигант во производство на стока за широка потрошувачка, Unilever, постигна договор со групацијата Genesis Biopartner за собирање прехранбени производи на кои им е поминат рокот на употреба за да можат од нив да создаваат енергија.

Овој проект е во рамки на програма за оддржлив развој на Романија.

Отпадот, што вклучува сладолед и сенф со поминат рок, ќе биде претворен во обновлива енергија во фабрика во романскиот округ Прахов, пренесува романската новинска агенција Business review.

Фабриката за биогас, што е отворена минатато лето, е инвестиција вредна пет милиони евра од страна на романскиот холдинг Genesis Biopartner. Основачот на холдингот е Германецот Мајкл Дитрихт.

Фабриката има 1 MW инсталирана моќност за електрична енергија и 1,2 MW за топлинска енергија. Првиот клиент на оваа компанија беше локален производител и преработувач на месо Cristim.

“Нашата соработка со Genesis Biopartner е чекор напред во нашиот придонес кон програмата за локален развој. За поздравување е гестот на Unilever и можноста производите со поминат рок да се трансформираат во енергија“, рече Каталин Оприсан, менаџер на мрежата за дистрибуција на Unilever.

Unilever планира да ги намали штетните влијанија врз животната средина преку активно собирање на производите со поминат рок и нивна трансформација во енергија од обновливи извори.