Хрватска: 140.000 ноќевања за време на велигденските празници

30

Во Хрватска во текот на велигденските празници, од петок до понеделник, се реализирани повеќе од 36.000 туристи и околу 140.000 ноќевања, покажуваат официјалните податоци.

Од тие бројки, хрватските туристи имале повеќе од 24.000 посети и 64.000 ноќевања, додека странските туристи имале околу 12.000 посети и 75.000 ноќевања.

“Со оглед на околностите и моменталната епидемиолошка состојба, којашто е многу нестабилна, ние сме задоволни со постигнатите резултати за време на продолжениот празничен викенд. Иако не стана збор за бројки на коишто навикнавме во вообичаени околности, овие резултати даваат оптимизам за главниот дел од летната сезона“, изјави директорот на Хрватската туристичка заедница, Кристијан Станичиќ, додавајќи дека туристичките резултати во најголема мера зависат од епидемиолошката ситуација.

Фото: Pixabay