Хрватска: Инвестициите во енегретската ефикасност можат да го поттикнат градежниот сектор

22

Инвестирањето во енергетска обнова на зградите, изградба на современи нискоенергетски згради и примена на новите технологии би можеле да поттикнат значајни инвестиции во градежниот сектор кои се неопходни за негово опоравување, сметаат од Хрватска занаетчиска комора (ХОК).

Од цехот на градежништво во ХОК велат дека најголем дел од сите градежни активности во иднина ќе се однесува на енергетска обнова на старите згради и на изградба на нови нискоенергетски објекти. Овие активности ќе придонесат за заживување на економијата, особено во секторот градежништво, каде се отвора можност излезот од кризата да се најде во реконструкција на објектите со цел подигање на енергетската ефикасност.

Во Хрватска преку 80% од градбите не ги задоволуваат сегашните прописи за топлинска заштита, а ефикасно користење на енергијата подразбира примена на енергетски ефикасни материјали, системи и технологии со цел да се намалат трошоците за енергија.