Хрватска ќе субвенционира купување на еко-возила

31

Фото: Pixabay

Граѓаните на Хрватска наскоро ќе добиваат субвенции од државата за купување еко-возила, дури и до 40% од цената на возилото, објави Jutarnji.hr. Ќе се субвенционираат еко-автомобили, хибридни возила, електрични скутери, па дури и велосипеди на струја.

Субвенции се најавени и за дилерите на автомобили, па така и цените на возилата се очекува значително да опаднат.

Државата за граѓаните ќе обезбеди, вкупно, околу 1,6 милиони евра субвенции, а со околу 200.000 евра повеќе ќе се субвенционираат дилерите на возилата.

Услов за добивање субвенции ќе биде возилото да е ново, да ги исполнува карактеристиките за еко-возило, а во случај на субвенционирање на електричен велосипед, услов ќе биде тој претходно да не е користен.

Целта на субвенционирањето е зголемување на енергетската ефикасност во транспортот, јавниот превоз, а пред се заштитата на животната средина.