Хрватска кофинансира брзи антигенски тестови за туристи

16

Хрватска од средината на април започнува голема акција чија цел е спас на туристичката сезоа, бидејќи тогаш почнува со вакцинирање на туристичките работници, а земјата на сите туристи ќе им помогне со кофинансирање на брзи антигенски тестови, пренесува Јутарњи лист.

Хрватскиот завод за јавно здравје добива список на лица од туристичкиот сектор кои ќе сакаат да се вакцинираат, а станува збор за околу 70.000 не само постојано вработени, туку и сезонци кои се во директен контакт со туристи, како што се рецепционери во хотели, на пристаништа, во кампови, готвачи и келнери, работници во туристички агенции…

Целта е на туристичките работници да им се даде вакцина од Johnson&Johnson, којашто се дава во една дзоа, за да може сите да бидат вакцинирани од почетокот на сезоната.

Туристите кои ќе ја сакаат да ја посетат Хрватска ќе може да се пријават за тестирање преку мејл, а на сајтот Safe stay in Croatia ќе бидат назначени сите локации за тестирање во земјата. Со посебна потврда ќе може да се тестираат со брз антигенски тест по субвенционирана цена, што повеќе од 50% ќе ја покрие Министерството за туризам.

Фото: Pexels