Хрватска кофинансира до 40% за купување на електрични и хибридни автомобили

20

hr

Хрватското министерство за заштита на животната средина и Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност, објавија јавен повик за кофинансирање на купување на електрични и хибридни автомобили и електрични скутери, за да ги поттикнат граѓаните кога ќе купуваат нов автомобил, да се одлучат за автомобил што помалку ја загадува околината.

Висината на субвенциите ќе зависи од видот на возило и изнесува максимално 40% од вкупната цена на возилото. Физичките лица можат да добијат субвенции за едно возило, кое мораат да го задржат во сопственост најмалку една година. Фирмите и занаетчиите мораат да ги задржат возилата минимално три години. Се кофинансира купување на нови возила кои можат да бидат купени во било која држава во ЕУ, но треба да бидат регистрирани во Хрватска.

За електрични возила висината на субвенциите е до 9.160 евра, а за хибридни plug in возила до 6.550 евра.