Хрватска компанија направи еколошки брод за којшто не треба гориво

160

Хрватската компанија за изградба на бродови, Agena Marin од Биоград претстави нов иновативен, еколошки, комерцијален брод во ретро дизајн.

Компанијата позната по полуподморници со застаклено дно и мали такси-катамарани, следната недела на саемот за бродови Biograd Boat Show ќе го претстави новиот иновативен производ.

“Solar Ferryе исклучително економичен брод, без гориво и трошоци за услуги, а неговата цел е да превезува патници на пократки рути и панорамско возење, романтични тури или крстарење покрај бреговите на море или езеро, што ја збогатува туристичката понуда. Тоа е целосно еколошки и економски прифатлив комерцијален брод којшто се напојува само со соларна и електрична енергија“, објасни за Пословни Дневник, Младен Пехарда, сопственикот на компанијата.

Исто така, големи заштеди во проектот беа постигнати преку употреба на обични батерии AGM, наместо инаку многу поскапиот литиум. Батериите се полнат многу лесно, а капацитетот на батеријата на сончевиот покрив овозможува време на пловидба од пет до осум часа, во зависност од брзината и оптоварувањето на бродот.

Oсвен намалената тежина, бродот има дополнителна еколошка компонента бидејќи материјалот од којшто е направен се базира на рециклирана PET амбалажа.

Овој брод е долг 8,5 метри и има капацитет од 12 патници, a ќе се продава по цена од скоро 40.000 евра.

Фото: Facebook