Хрватска меѓу првите ќе прими меѓународни туристи

25

Генералниот секретар на Светската туристичка организација, Зураб Пололикашвили, изјави дека Хрватска меѓу првите ќе прими туристи ова лето по спроведената масовна вакцинација против коронавирусот.

“Хрватска ќе биде една од првите земји коишто ова лето повторно ќе го покренат туризмот. Ова лето е клучно и многу важно“, рекол тој.

Според него, Хрватска и околните земји прилично добро го организирале вакцинирањето што дава надеж дека со инфраструктурни и различни туристички производи ќе биде земја во која меѓу првите ќе пристигнат меѓународни патници.

Во Хрватска се вакцинирани 25% од возрасното население, а до крајот на јуни се очекуваат 55%.

Хрватска минатата година оствари повеќе од 54 милиони ноќевања, околу 50% во однос на рекордната 2019 година.

Фото: Pexels