Хрватска се приклучува на Србија и Бугарија во избор за фабрика на Volkswagen

36

Откако германскиот производител на автомобили, Volkswagen се откажа од изградбата на својата фабрика во Турција, во потесниот избор, освен Србија и Бугарија, се приклучи и Хрватска.

Инвестицијата на Volkswagen од пола милион евра е еднакво привлечна и за Хрватите, пишува Јутарњи лист.

Сепак, официјални информации сè уште нема, но земјата е подготвена со сите свои капацитети да ја овозможи и поттикне изградбата на германската фабрика.

Германските компании во Хрватска веќе имаат вложено многу. Според податоците на Хрватската народна банка од 1993 година, па до средината на оваа година Германците инвестирале 3,29 милијарди евра.

За истиот период Хрватска вложила во Германија околу 55 милиони евра.

Фото: Pixabay