Хрватски Конструктор оди под стечај

50

konstruktorХрватскиот министер за финансии Славко Линиќ најави дека градежната компанија Конструктор оди под стечај, а одговорноста за тоа ја адресираше на сопственикот и менаџментот на фирмата.

“За Конструктор нема друг излез од кризата освен стечај, поради однесувањето на сопственикот и менаџментот кои не разговараа со доверителите, туку сопственикот основа нова фирма, ги префрли работниците и имотот на неа, а долговите му ги остави на Конструктор. Освен тоа, сопственикот напиша “без врска” предлог за предстечајна нагодба”, изјави Линиќ на тркалезната маса “Реструктуирање или ликвидација” во организација на Банка магазин.

Конструктор е во константни проблеми веќе подолго време, со 1,75 милиони евра долг за данок и придонеси.

Директорот на Конструктор, Жељко Ждериќ, во јуни минатата година беше осуден на затворска казна од шест месеци поради незаконска приватизација на фирмата. Останатите членови на управниот одбор и поранешниот директор на Даночната управа Ивица Младинео беа осудени условно. Судот на компанијата и одзеде 264.000 евра, затоа што сметаше дека за таа сума фирмата го оштетила Хрватскиот фонд за приватизација.

Минатиот месец Ждериќ беше неправосилно осуден на уште шест месеци затвор, поради фалсификување на документ, со кој сакал да покаже дека Конструктор поради пишувањата на Слободна Далмација изгубил многу вредед договор за работа во Либија.