Хрватски железници ги повика студентите да смислат промотивен слоган – еве што добија

44

hzХрватски железници патнички превоз ги повика студентите да осмислат најкреативен слоган врзан со железничкиот сообраќај кој ќе биде користен во промотивни цели. Слоганот мора да биде краток, јасен и лесно да се помни, а да асоцира на воз, железница, патување, патници и слично, стои во повикот.

ХЖ бараа од студентите своите предлози да ги испратат преку електронска пошта, за што нудат и награда, но она што можеби не го очекуваа е дека hashtag #HŽslogan ќе стане апсолутен хит на Twitter. Еве неколку од предлозите што ги објавија хрватските медиуми:

Кој рано рани, сеедно, со нас ќе доцни.

Што е ХЖ без доцнење?

Just don’t do IT.

Затоа што поспоро не може.

Пат околу Хрватска за 80 дена.

Одите на одмор? Поминете го половина во нашите возови.

Кога доцните на воз, ние доаѓаме на време.

ХЖ – со нас и најкраткиот пат трае подолго.

Додека чекате воз, напијте се кафе, јадете, погледајте филм или завршете факултет.

Дојдов, чекав, си поседев.

Поради нас Шелдон Купер не ги сака возовите.

Животот Ви лета брзо? Нема проблем, патувајте со ХЖ.

ХЖ – затоа што времето е релативно.