Кинеската компанија Huawei планира да отвори регионален центар за иновации и дигитални трансформации во Белград, пишува Mondo.
Ова е договорено по средбата на претставници од Huawei и министерот за финансии на Србија Синиша Мали.
Комлексот планирано е да биде регионален центар за западен Балкан, а за седиште е одбран Белград.
Претставниците од кинеската компанија разговарале и за долгорочна соработка за иницијативата Појас и пат, (Pojas i put), за развојот на системот Безбеден и паметен град (Bezbedni i pametan grad), за којшто парнери се Huawei и Србија.
Се планира и понатамошен развој на стратегии за паметни градови, со Huawei како стратешки партнер во земјата.
Фото:Pixabay