Хуманитарна Велигденска приказна во Капитол мол

54

humanitarna

Капитол мол заедно со Црвен крст и неколку ракотворци, од 13-ти до 15-ти април, организираат добротворен велигденски базар за помош на шестмесечната Миа која е во вештачка кома во болница во Софија. Сите собрани средства ќе бидат донирани како помош за трошоците за лекувањето на малото девојче. Нејзината сестричка близначка почина од истиот здравствен проблем. Ова семејство е избрано од страна на Црвен крст на град Скопје, којшто заедно со Капитол мол се фокусираат на што поголема помош.

“Ги повикуваме сите заедно да им го дадеме на овие прекрасни луѓе тоа што им е најпотребно – среќно и исполнето семејство!“, велат од Капитол мол.

Нема поголема радост и восхит од прославување на вредностите кои се темел на Велигден и затоа покрај акцијата Капитол мол одлучи да организира настани за најмалите, кои од 13-ти до 17-ти април ќе можат да учествуваат на бројни работилници. Се очекува целиот мол да ечи од детски насмевки. Капитол мол отсекогаш се грижел за зацврстување на семејните вредности и затоа во самиот центар секој член од семејството може да ужива и да го најде тоа што најмногу го посакува, незаборавни моменти со најблиските.

Капитол мол постојано се труди да им овозможи на своите посетители атмосфера исполнета со безвременски искуства градејќи ги најзначајните хумани вредности.