И денеска дожд

35

Времето во Македонија ќе биде облачно. Ќе има поројни врнежи од дожд наместа проследени со грмежи, особено повеќе ќе бидат изразени во источните и југоисточните делови на земјава и тоа во претпладневните и пладневните часови. Кон крајот на денот би требало да има извесно намалување на облачноста и врнежите ќе престануваат.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од осум до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и можни ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 13 степени.

Поради топлото време и интензивните врнежи од дожд на повисоките планини ќе има забрзано топење на снежната покривка. Вo среда ќе има повремени и послаби локални врнежи од дожд, на планините поради заладувањето врнежите ќе бидат од снег.