И домашните и странските работници во Црна Гора ќе бидат исто платени

37

Минималната заработка за странските државјани во Црна Гора од први јули ќе се изедначат како оние на домашните работници.

Според тамошните медиуми, се менуваат условите и начинот на издавање на дозволи за привремен престој и работа во делот што се однесува на износ на минимална заработка за странски државјани, односно минималната заработка е прилагодена на минималната плата во Црна Гора.

На овој начин се наведува минималниот износ на заработката што не може да биде пониска од минималната заработка во Црна Гора. Властите во земјата сметаат дека со овие измени се обезбедува поволен економски амбиент и адекватна работна сила во пресрет на туристичката сезона.

Фото: Pexels