И покрај кризата, оваа индустрија со приходи од над 159 милијарди долари

66

Глобалниот пазар на видео игри оваа година би можел да оствари приходи од 159,3 милијарди долари, што е раст од 9,3% во однос на претходната година, покажува истражувањето на Newzoo.

Најголем пораст од 13,3% се очекува да оствари сегментот на мобилни видео игри за којшто предвидувањата се дека ќе оствари 77,2 милијарди долари оваа година.

Тоа сепак не значи дека играњето на конзоли и на компјутери ќе забележи пад. За оваа година се очекува дека во светот ќе има над 700 милиони играчи, а поради пандемијата нивниот број во континуитет расте. Продукцијата на видео игри, поради отежнатите услови за работа, се соочува со предизвици коишто може да се одразат на лансирање нови игри.

Проценките говорат дека пазарот на видео игри на светско ниво ќе продолжи да расте и во следните години, достигнувајќи вредност од 200 милијарди долари до крајот на 2023 година.

Фото: Pixabay