И Словенија ќе ги дава автопатите под концесија?

27

slovenijaСловенечката влада, по примерот на Хрватска, веројатно ќе ги препушти автопати во приватни раце. Како што пишува Финанце, словенечкиот фонд СОД, во чија сопственост е управителот со автопатите ДАРС, до крајот на годината мора да одлучи за избор на советник за монетизација на автопатите. Словенечката влада му наложила на СОД да ги проучи сите алтернативи за понатамошен развој на ДАРС и најоптималните начини за изградба, управување и одржување на автопати. Како што стојат работите, СОД е најблизу до одлуката за давање на автопатите под концесија. Меѓу оние кои се интересираат за земање под концесија е и големата американска финансиска куќа JPMorgan, која покажува интерес и за хрватските автопати, па би можело да се случи двете инфраструктури да дојдат во рацете на ист концесионер, пишува Пословни дневник.

Словенија смета дека за околу 600 километри автопати би можела да добие 30 до 40 милиони евра годишно.