IBM им забрани на вработените да употребуваат преносни уреди

17

Фото: Facebook

IBM ја забранува употребата на преносни уреди за складирање податоци за своите вработени. Како што пренесува The register оваа пракса е имплементирана од поодамна во некои сектори на компанијата, но во следните неколку недели ќе се примени секаде и за секаков вид уреди (USB, мемориски картички, флеш драјв итн.).

Од компанијата велат дека се одлучиле на ваков чекор со цел да се превенираат сценарија на изнесени, изгубени или злоупотребени податоци коишто може да предизвикаат несогледливи финансиски, но и репутациски последици.

IBM ги советува своите вработени да го користат сервисот на Big Blue доколку им е потребно складирање и пренос на податоци надвор од работното место.