IBM ја купува софтверската компанија Red Hat за 34 милијарди долари

59

 Фото: Facebook

Технолошкиот гигант IBM ја купува компјутерската фирма за “облак“ (cloud) услуги Red Hat, зделка за која што одвојува 34 милијарди долари, пишува CNN.

Според двете компании ова е најзначајната технолошка аквизиција за оваа година, а истата се очекува да биде комплетирана во втората половина на 2019, откако ќе добие согласност од акционерите и регулаторите.

Обработката во “облак“ се однесува на софтвер и услуги што се на интернет наместо на компјутерот на корисниците. Dropbox, Netflix, Flickr, Google Drive, Microsoft Office 365, Yahoo Mail се сите “облак“ услуги.

Со купувањето на Red Hat, IBM ќе започне да ги “снабдува“ со технологија своите најголеми конкуренти како Amazon, Microsoft и Google.