Ибрахимовиќ со европска промоција на Volvo V90

24

1

Шведската компанија за производство на автомобили Volvo Cars ја продолжува соработката со фудбалската икона Златан Ибрахимовиќ. Овој пат, нивната соработка се однесува на европската кампања за промоција на новата премиум серија V90 пред почетокот на европското првенство.

Соработката меѓу шведските асови, официјално, пред јавноста беше лансирана преку националните телевизии и преку социјалните медиуми.

Златан, кој во изминатиот период се подготвуваше за Европското првенство, чувствува голема поврзаност со шведската марка за автомобили.

“Среќен сум што повторно соработувам со Волво. Ги видов новите автомобили, ги возев и тестирав. Фантастични се. Исто како и кај мене, Волво го трасираше својот пат со својот смел начин на размислување и делување. Минатата кампања која ја изработивме беше добра, но овој пат, таа е направена од Златан (Made by Zlatan)“, рече Златан Ибрахимовиќ.

Новата кампања го претставува поранешниот напаѓач на клубот Париз Сен Жермен (Paris Saint-Germain) и долгогодишен симпатизер и возач на Волво (Volvo), Ибрахимовиќ од скромните почетоци во една од најтешките населби во Малме до спортски статус на светска ѕвезда.

5

Според Андерс Густафсон, постар земник претседател во Volvo Cars за Европа, Блискиот Исток и Африка, кампањата се базира на способноста да размислуваш поинаку.

“Кампањата е прослава на независниот и слободен ум, на моќта која лежи во способноста да размислуваш поинаку. Постојат многу сличности помеѓу Златан и Волво. Ние немаше да стигнеме тука каде што сме ако работевме како и другите“, вели Густафсон.

Надградувајќи се на неоспорната историја на Волво, новиот V90 претставува чекор напред во поглед на естетиката, материјалите и завршната обработка, одржувајќи ја и достигнувајќи ја најпрактичната природа на секоја серија автомобили. Волво V90 може да се пофали со високо ниво на стандардна опрема, почнувајќи од системот за детекција на големи животни (Large Animal Detection) до втората генерација на Пилот Асистент (Pilot Assist), полуавтономна функција на возење.

Кампањата за новиот V90, исто така, го претставува уникатниот резултат на Ханс Цимер (Hans Zimmer), светски познат креатор на филмови и добитник на награда Оскар од Академијата (Academy Award), како што се Гладијатор (Gladiator), Пиратите од Карибите (Pirates of the Caribbean), Инцепшн (Inception) и Интерсателар (Interstellar).

“Секогаш сум бил симпатизер на шведските икони – Абба и Златан. Работејќи на овој проект со Волво и Златан го искусив најдоброто од Шведска. Ова навистина е благородно искуство, “ рече Цимер.

Волво и Златан соработуваа во незаборавната маркетинг кампања во 2014 година, каде енигматскиот фудбалер ја рецитираше Шведската национална химна во исто време додека ловеше во далечните шведски шуми.

https://www.youtube.com/watch?v=_NvqCNqCcgE&feature=youtu.be